Легендарниот ракометен тренер Јохансон почина на 79-годишна возраст

Поранешниот капитен на шведската ракометна репрезентација и тренер Бенгт Јохансон, по период на боледување, почина на 79-годишна возраст, соопшти Шведската ракометна федерација.

Како играч во репрезентацијата на Шведска тој има освоено четири титули и 83 настапи за националната селекција.

Јохансон, како капитен, ја предводеше шведската машка ракометна репрезентација до, меѓу другото, две злата од Светскиот куп, четири злата на Европското првенство и три олимписки сребрени медали во периодот од 1988 до 2004 година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*