Лондонски Хитроу ја зголеми прогнозата за бројот на патници за 2022 година

Лондонскиот аеродром Хитроу ја зголеми прогнозата за бројот на патници во 2022 година од 45,5 милиони на скоро 53 милиони.

Овој пораст од 16 проценти следи по „силниот“ април кога 5,1 милиони луѓе го користеле аеродромот во западен Лондон.

Хитроу соопшти дека патниците за одмор и луѓето кои користат ваучери на авиокомпании добиени за патувања откажани поради пандемијата на коронавирусот го поттикнуваат закрепнувањето на побарувачката, која се очекува да трае и во текот на летото.

Прогнозата значи дека Хитроу очекува бројот на патници оваа година да достигне 65 проценти од нивоата пред пандемијата.

Ова е „реална проценка“, нагласуваат аеродромските власти.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*