Лорер: Владејачката коалиција потврди дека од 1 јануари 2024 година во Бугарија во официјална употреба влегува еврото

Бугарскиот министер за иновации и раст, Даниел Лорер, денеска изјави дека владејачката коалиција постигнала договор за Националниот план за воведување на еврото, јави дописникот на МИА од Софија.

На речиси тричасовниот експретски совет, свикан од министерот Асен Василев, тие се договориле датумот за официјален почеток на употребата на еврото во Бугарија да остане 1 јануари 2024 година, а за планот да почне да расправа  Народното собрание на Бугарија.

Лорер кажа дека првиот чекор е планот да биде усогласен на ниво на коалициски совет, по што ќе треба да биде поднесен во парламентот.

-Но, нема да има дебата за датумот на почетокто на употребата

на еврото во Бугарија, тоа го прифати и претходната влада, така што се движиме по утврдените датуми, рече Лорер.

Тој ги повика сите пратеници во бугарскиот Парламент и нивните коалициски партнери да покажат исклучителна одговорност за овој процес за да може да се одвива што е можно побрзо.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*