ОН: Бројот на цивилни жртви во Украина е значително поголем од официјаланите податоци

Шефот на набљудувачката мисија на Обединетите нации за човекови права во Украина, Матилда Богнер, денеска потврди дека бројот на убиени цивили од почетокот на војната во Украина е со илјадници поголем од официјалната бројка од 3.381.

-Работиме на проценките, но сè што можам да кажам досега е дека бројката е за илјадници поголема од оние што ви ги даваме, изјави Богнер.

„Големата црна дупка е Мариупол. Имаме тежок пристап таму и не можеме да добиеме информации“, додада таа.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*