Повик за современи драмски текстови кои ќе бидат објавени во е-антологија

 Македонскиот центар на Интернационален театарски институт/Продукција соопшти дека до крајот на јуни е отворен Повик за електронска Антологија на современи драмски текстови. Повикот е насловен „Јас не сум мртов, болен и славен“ и е дел од промотивниот проект „Драмски инверзии“ поддржан од Министерството за култура.

-Повикот е афирмативен, поттикнувачки и ги повикува сите драмски, театарски и книжевни уметници, автори/ки, писатели/ки, поет(ес)и по свој (најдобар) избор да испратат драмски текст кој е создаден (објавен, необјавен, инсцениран или неинсцениран) во периодот од 2010  до 2022 година. Во овој повик нема старосен лимит и е отворен за сите драмски автори/ки и други автори/ки кои професионално пишуваат. Нема тематски и жанровски ограничувања за драмските текстови кои  треба да се напишани или преведени на македонски јазик и/или англиски јазик и лекторирани, соопшти Македонскиот центар на ИТИ/Продукција.

 Ќе биде прифатен еден драмски текст напишан во изминатите 12 години, кој треба да е подготвен и пратен во Ворд со фонт Тајмс њу роман на македонски (кирилица) или англиски јазик (латиница) и  на фонт 11 или 12. Во прилог на драмскиот текст треба да биде пратена кратка професионална биографија (до 300 знаци), со листа на напишани (објавени и поставени) драмски текстови, на македонски јазик (кирилица), и една промотивна фотографија од авторот/авторката во висока резолуција (300 ДПИ) во ЈПГ формат.   

Повикот за праќање драмски текст за е-антологија заедно со прилозите е отворен до 30 јуни 2022 на мејлот: macedoniancenterofiti@gmail.com  со назнака: Пријава на повикот „Јас не сум мртов, болен и славен“.

Македонскиот центар на Интернационален театарски институт/Продукција соопшти дека оваа година станал активен член на Меѓународната секција на ИТИ УНЕСКО – International Playwrights’ Forum IPF, чија цел е драмските текстови  да се преведуваат на странски јазици, да бидат поставувани на сцена и за нив да се споделуваат информации заради меѓународни вмрежувања и афирмација на драмите и авторите/авторките. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*