Презентација на првата Мијаваки шума на Институтот за патофизилогија и нуклеарна медицина

Презентација на првата Мијаваки шума во државата (мали урбани шуми кои даваат три пати повеќе зеленило од вообичаените насади) ќе се одржи денеска во дворот на Институтот за патофизилогија и нуклеарна медицина (ИПНМ).

Како што соопшти Институтот, таа е донација на невладината организација „Зелена планета за сите“.

Во посета на Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина денеска ќе биде амбасадорот на Република Јапонија Хиронори Савада кој ќе направи увид во донираната опрема.

– Планиран е краток состанок со заменик министерот за здравство Владимир Рендевски, деканката на Медицинскиот факултет Соња Топузовска и раководителката на ИПНМ Даниела Миладинова. Потоа, ќе следи посета на мијаваки шумата во дворот на Институт, каде што на присутните ќе им се обратат јапонскиот амбасадор, заменик министерот за здравство, заменик министерката за животна средина и просторно планирање, деканката на Факултетот и раковидтелката на ИПНМ, најавуваат од Институтот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*