Приведен криминалец за доиздржување казна затвор од осум и пол години

Полициски службеници днеска го привеле С.С. (36) од Куманово. Тој бил осуден на 11 години и 9 месеци затворска казна за сторени кривични дела „тешка кражба“, а се барал со потерница за доиздржување на 8 години и 6 месеци казна затвор.

Лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Штип за доиздржување на казната, соопшти МВР.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*