Приведен кумановец затекнат при обид да изврши кражба

Полициски службеници од СВР Куманово синоќа во 22:50 часот го лишиле од слобода Б.В.(35) од Куманово.

Тој бил затекнат во деловен објект на улица „Индустриска“ при обид да изврши кривично дело „кражба“.

Од МВР денеска соопштија дека Б.В. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*