Промоција на книгата „Инспирирај се за промени“ од Радмила Костова-Мила и Иван Лапчевиќ

Во Литература.мк во „Ист гејт мол“ вечер ќе се одржи кафе-дружба и промоција на книгата „Инспирирај се за промени“ од авторите Радмила Костова-Мила и Иван Лапчевиќ. Книгата е во издание на „Попули“, а претставува охрабрувачко четиво за сите што се соочуваат со навидум несовладливите предизвици на современото живеење.

-Изданието на волшебен и уникатен начин го отвора патот на читателот, носи светлина во животот и инспирира за промени. Наменето е за сите што се чувствуваат како да се „заглавени“ во некој тунел, но и за оние што се надвор од тунелот, а едноставно сакаат подобро утре. Оваа книга им помогна на многумина на својот пат на лична трансформација, книга што ќе ја пополни празнината што можеби ја чувствувате и ќе го надополни делот што на многумина им недостига за да бидат комплетни и свои. Посетителите на настанот ќе имаат можност да си набават примерок со потпис од авторите и интерактивно и одблизу да се запознаат со Костова и Лапчевиќ, кои ќе го споделат своето животно искуство и знаење, велат од Литература мк.

Радмила Костова-Мила е авторка на текстови за личен развој на социјалните мрежи и тренер за личен развој. Покрај книгата „Инспирирај се за промени“, ја има објавена и книгата за деца „Биди среќна ѕвездичка“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*