Санционирани 222 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден на територијата на државата поради брзо возење се санкционирани 222 возачи.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, од нив 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час поголема од дозволената, а едно возило се движело со над 70 километри на час од дозволеното. Притоа, 98 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 124 надвор од населено место.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, е наведено во соопштението од МВР.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*