Трас подготвена да го отфрли северноирскиот протокол откако се откажа од преговорите со ЕУ

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас е подготвена да се откаже од големи делови од протоколот за Северна Ирска, откако се откажа од преговорите со Европската унија за договорот за Брегзит, објави лондонски Тајмс.

Официјални лица кои работат за Трас подготвиле нацрт-закон со кој еднострано ќе се укинат проверките на стоките што се испраќаат од Британија за употреба во Северна Ирска, се додава во извештајот.

Законот, исто така, ќе им овозможи на компаниите во британската покраина да ги игнорираат правилата и регулативите на ЕУ и да му ги одземат овластувањата на Европскиот суд на правдата да одлучува за прашања поврзани со Северна Ирска, објави Тајмс.

Портпаролот на британското Министерство за надворешни работи, Комонвелт и развој изјави дека сè уште не се донесени одлуки за понатамошни чекори, но додаде дека „ситуацијата сега е многу сериозна“.

– Отсекогаш бевме јасни дека ќе бидат преземени мерки за заштита на Договорот од Белфаст (Договор од Велики петок) доколку не се најдат решенија за измена на Протоколот. Нашиот фокус беше и ќе продолжи да биде на одржување на мирот и стабилноста во Северна Ирска, додаде тој.

Извештајот во Тајмс е објавен откако амбасадорот на ЕУ во Велика Британија во понеделникот рече дека блокот е подготвен да ги рестартира преговорите за протоколот за Северна Ирска по паузата поради неодамнешните избори, но нема да го ревидира договорот кој е основа за правилата за трговија по Брегзит.

Во извештајот се вели дека се чини оти Трас заклучила дека разговорите со ЕУ влегле во ќорсокак и оти потпретседателот на Европската комисија Марош Шефчович нема мандат да постигне прифатлив договор.

Се очекува следната недела да бидат отфрлени делови од протоколот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*