Четврток и петок стабилно и топло, за викенд повторно нестабилно со пороен дожд, засилен ветер и град

Утре се очекува изолирана појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во следните два дена времето ќе биде стабилно и топло, а во деновите од викендот ќе има појава на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи.

Особено нестабилно ќе биде во сабота кога процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на
невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град.

Според УХМР, утре минималната температура ќе се движи во интервалот од 4 до 10 степени,а максималната дневна ќе биде од 17 до 27 степени Целзиусови. Во Скопје слично време со утринска температура од 9, а дневната до 25 степени.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*