Шефицата на германската дипломатија во ненајавена посета на Буча

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска пристигна во ненајавена посета на Буча, украинскиот град во кој се убиени стотици цивили од почетокот на руската инвазија во март.

Бербок ја започна својата посета на Буча, северозападно од Киев, со разговори со жителите на градот, соопшти германската новинска агенција ДПА. По руската опсада на Буча, украинските власти пронајдоа ликвидирани цивили на улиците и во масовните гробници, а на некои им беа врзани раце.

Регионалниот гувернер на Киев, Олександр Пављук, изјави дека во областа околу Киев се пронајдени најмалку 1.235 тела на цивили.

По посетата на Буча, таа ќе отпатува во Киев, каде за попладнево е предвидена средба со нејзиниот украински колега Дмитро Кулеба.

Холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хоекстра, преку објава на Твитер соопшти дека и тој е дел од делегацијата, која заедно со Бербок е во посета на Украина.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*