Во Штип изложба по повод стогодишнината од основањето на Латвија

Во Штип одбележана стогодишнината од основањето на Латвија. На свечениот настан присуствуваа градоначалникот на Штип и почесните конзули на Латвија и Естонија, а беше збогатен со изложба на тема „Сакам да бидам слободен! Јас ќе бидам слободен!“.

Изложбата опфаќа архивски материјал на документи и личности од државните архиви на Латвија, Естонија и Литванија зашто, како што рече почесниот конзул на Латвија, Зоран Митревски,  овие три држави секогаш заедно ги војувале битките.

-Ние како Општина воспоставивме соработка уште пред десетици години наназад со Латвија и навистина ми е драго што ја одржуваме таа соработка. Во наредниот период ќе имаме можност да споделиме искуства за развој на кое било поле. Латвија е една од државите којашто го има изодено патот, а ни го трасира нам како една мала држава којашто треба да се движи кон овие вредности, кон сето она што значи развој и просперитет за посветла иднина на сите идни генерации, рече Јорданов.

Посочи дека ваквите настани кои се одржуваат токму во Штип се од големо значење за Штип, зашто значат продлабочување на соработката, размена на идеи и знаења.

Настанот се одржа во Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“, а беше на иницијатива и во организација на почесниот конзул на Латвија, Зоран Митровски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*