Гутереш го посети центарот за украински бегалци во Молдавија

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш вчера го посети центарот за бегалци од Украина, за време на посетата на Молдавија. – Невозможно е да се сретнат бегалци, а да не бидеш длабоко погоден од нивните приказни, изјави Гутереш. Како што тој нагласи, трагедијата покажува дека „војната е бесмислена и оваа војна мора да се запре“, мислејќи на руската инвазија на Украина.

Генералниот секретар на ОН посети и дом на семејство во Молдавија, кое прими бегалци. Тој им се заблагодари на нивната великодушност.

Гутереш имаше средба и со претседателката на земјата, Маја Санду, на која исто така ѝ изрази благодарност.

Молдавија беше пофалена од страна на Гутереш, затоа што примила најмногу украински бегалци, во однос на сопственото население. Земјата што има околу 2.5 милиони жители, од почетокот на војната примила над 450.000 украински бегалци.

По посетата на Молдавија, Гутереш отпатува за Виена.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*