
До 20 мај е продолжен рокот на конкурсот за доставување ракописи за издавање учебници за предмети од прво, второ, четврто и од петто одделение во основно образование за кои се изработени нови наставни програми. Сите останати конкурсни услови остануваат непроменети, информира Министерството за образование и наука.
Право на учество на конкурсот имаат сите автори кои ги исполнуваат условите пропишани со членот 10 од Законот за учебници за основно и средно образование.
-На конкурсот може да учествува автор на учебник само со еден ракопис за учебник за еден наставен предмет и тој треба да биде изработен според наставниот план и програма за соодветното одделение и согласно Концепцијата за учебник за основно и средно образование, наведува МОН за конкурсот во кој се содржани повеќе детали за останатите критериуми и начинот на аплицирање.
Leave a Reply