Европските нарачки за руски гас преку украинскиот пункт Сохрановка паднале на нула

Денешните нарачките за руски гас со транзит низ Украина преку влезниот пункт Сохрановка паднаа на нула, откако претходно украинскиот оператор за дотур на гас најави затворање на тој транзитен коридор.

Киев во вторникот соопшти дека ќе го стопира транзитот на руски гас преку пунктот Сохрановка од каде се доставуваше речиси третина од европските нарачки на гас преку Украина.

За таквата ситуација беше обвинета Москва, а беше најавено дека протокот на гас ќе се спроведува преку други транзитни рути.

Гасоводот преку Сохрановка минува низ украинската област Луганск чии делови се под контрола на проруските сепаратисти.

Украинскиот оператор со гас „ГТСОУ“ соопшти дека од среда ги запира испораките на гас преку односната рута заради „виша сила“, клаузула на која операторот може да се повика во случај доколку настане ситуација што е надвор од нејзина контрола.

Но „Газпром“, компанијата што е под контрола на Кремљ и има монопол врз рускиот гас, соопшти дека е „технички невозможно“ да се испорачаат сите количества гас преку друга интерконекција како што предлага „ГТСОУ“.

Според вчерашните податоци, побарувачката на руски гас за Европа низ Украина преку влезниот пункт Суџа вчера изнесувале речиси 72 милиони кубни метри.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*