Жестоки борби во регионот на Харков, информира регионален гувернер

Украинскиот град Харков денеска е цел на напади и во регионот се водат „жестоки битки“, изјави регионалниот гувернер Олег Синегубов.

Како што пренесува Би-Би-Си, тој вели дека руските војници зад себе оставиле „стапици“ и ги повика жителите да останат во засолништата и „да не брзаат кон ослободените населби“.

– Непријателот е подмолен и прави сè за да повреди што е можно повеќе цивили меѓу Украинците, објави тој преку Телеграм.

Синегубов додаде дека благодарение на успешните офанзивни операции на украинските сили, неколку блиски градови се ослободени.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*