Кривична пријава против струмичанец за повеќе „тешки кражби“ и „предизвикување општа опасност“

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против Д.Г.(37) од Струмица, осомничен дека сторил повеќе кривични дела „тешка кражба“ и кривични дела „предизвикување на општа опасност“.

Како што соопштија денеска од МВР, пријавениот Д.Г. кривичните дела ги извршил во периодот од 21.02.2022 до 30.03.2022 година на тој начин што во повеќе наврати со употреба на сила и алат пресекол и украл делови од надворешни единици на фрижидери во неколку маркети во Струмица, како и делови од гасоводната инсталација на два објекта во Струмица. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*