Музеите лани организирале 91 изложба и имале 184 156 посетители

Mузеите во земјава лани ги посетиле 184 156 луѓе, покажува евиденцијата на Државниот завод за статистика.
Од вкупно 25 музеи, според основачот, 16 се јавни (национални) музеи, 8 се јавни (локални) музеи и еден е приватен музеј. Според предметот на работа, 16 се општи и 9 се специјализирани музеи.
Во 2021 година, музеите организирале вкупно 91 сопствена изложба, при што 74 изложби биле организирани од општите музеи и 17 од специјализираните музеи.
Музеите располагале со 216 195 инвентарирани предмети, од кои биле изложени 32 432 во музеите во 2021 година.
Збирките располагале со 210 263 инвентарирани предмети, од кои биле изложени 18 522, соопшти ДЗС.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*