Одбележување на приемот на осмата генерација на Академијата за судии и јавни обвинители

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ денеска во Врховниот суд на Република Северна Македонија организира свечена церемонија по повод одбележувањето на приемот на осмата генерација во почетната обука на Академијата.

На настанот, како што најавија од Академијата, ќе присуствуваат високи претставници на правосудните институции во земјата, Владата на Република Сверна Македонија, дипломатскиот кор, високи претставници на релевантни домашни и странски институции.

Присутните ќе ги поздрават директорка на Академијата за судии и јавни обвинители Наташа Габер Дамјановска,  министерот за правда Никола Тупанчевски, претседателката на Врховниот суд Беса Адеми, републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески,  претседателот на Советот на јавните обвинители Антонио Јолевски и заменик претседателот на Судскиот совет, Селим Адеми. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*