Почна аплицирањето за бескаматниот кредит за обртни средства за компании погодени од енергетската криза

Од денеска почна аплицирањето за бескаматниот кредит за обртни средства за компании погодени од енергетската и економската криза.

Кредитната линија е наменета за микро, мали и средни претпријатија, трговци поединци и занаетчии кои плаќаат данок на реален приход и се регистрирани во земјава. Компаниите треба да бидат во приватна сопственост и на листата на прифатливи класи на дејности за кредитирање, објавена во јавниот повик.

Минималниот износ на кредит е 185.000 денари, а максималниот износ 3.000.000 денари. Рокот на отплата  е од 12 и од 18 месеци со вклучен грејс период од шест месеци во двата случаи.

За корисниците на оваа кредитна линија предвидена е грант компонента од 10 проценти за субјектите кои ќе користат рок на отплата од 18 месеци, односно 20 проценти за субјектите кои ќе користат рок на отплата од 12 месеци.

Барањата може да се поднесат по електронски пат на е-маил адресата eekriza@mbdp.com.mk до 26 мај  до 9 часот.

Јавниот повик за оваа кредитна линија беше објавен на 5 мај годинава.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*