По завршување на мандатот, албанскиот претседател најави враќање на транспарентноста и отчетноста на секое ниво

Албанскиот претседател Илир Мета, гостувајќи во емисијата „Топ стори“ изјави дека со нетрпение го очекува 24 јули, кога му завршува мандатот и им вети на албанските граѓани дека од 25 јули почнува „ елиминирање на стравот и почеток на враќањето на транспарентноста и отчетноста на секое ниво“

-Им давам свечено ветување на сите Албанци, како поранешен студент од декември 90-та, на сите оние кои сакаа да го искоренат плурализмот, дека на 25 јули почнува елиминирањето на стравот и започнува враќањето на транспарентноста и отчетноста на секое ниво. Започнува бескомпромисна војна против локалната, регионалната и меѓународната мафија, рече тој.

Според него за време на петгодишниот мандат се чувствувал себе си како „претседател изневерен од пријатели и непријатели, од која било причина и оти тоа било тешко патување“ а односите со САД ги оцени како одлични, додавајќи дека никогаш не ги прекршил амерканските закони.

-Мојот однос не е со странците, туку само со Албанците. Овој однос со Албанците ќе го спроведувам на железен начин во иднина. Уставот на САД ме инспирира за слобода, независност и северенитет. Односите на Илир Мета со САД се совршени бидејќи тој никогаш не ги лажел и никогаш не ги прекршил американските закони, изјави Мета.

Мета, кој е во последните два месеца од својот претседателски мандат, на крајот од интервјуто рече дека е премногу рано да се направи процена за неговиот ангажман на таа функција, но верува дека ја држел под контрола состојбата во земјата поради присутните провокации и тензии.

Изрази резервираност во врска со следниот претседател, но рече дека она што е сигурно е тоа дека „ на следниот претседател ќе му биде тешко да биде независен, бидејќи според него и двата тима(власта и опозицијата) се веќе едно и на претседателот ќе му биде тешко да биде судија во таква ситуација“.

Мета беше избран за претседател на крајот од април 2017 година, како седми претседател на Република Албанија, со 87 гласа „за“ и два „против“. На оваа функција тој дојде од функцијата претседател на

парламентот а беше лидер на Движењето за социјалистичка интеграција(ЛСИ), на чие чело сега е неговата сопруга Моника Круемади. Како што неодамна најави, по звршувањ на претседателскиот мандат, тој повторно се враќа на лидерката функција во партијата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*