Промоција на збирката поезија „Дождови“ од Сузана Божиновска

Во фоајето на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово вечер ќе биде промовирана на збирката поезија „Дождови“ од Сузана Божиновска. Промотор на збирката е Христина Алексовска, музички гостин Ерди Шахини и водител Ана Љубиќ.

Нејзината поезијата изобилува од експресивни поетски слики со одмерено нијансиран дискурс. На еден суптилен, префинет па на моменти и нежен начин капките дожд паѓаат по „Надеж“, „Чекање“, „Прашање“, „Виножито“ …

Сузана Божиновска е родена во Куманово, каде и денес работи и живее. Таа е сопруга и мајка, и со целото свое битие посветена токму на оваа функција. А за пишувањето како што и самата вели: „ Не сум писател… Не сум некој кој некаде е запишан како писател. Ниту пак некој кој во некои документи ќе го пронајдете како писател. Јас сум некој кој дозволува листот и пенкалото да ја читаат мојата душа. “

Поетскиот поглед плени низ стиховите, овозможувајќи внатрешно, емотивно ослободување од секојдневните стегите „Тешко е“, „Можеш“, „Чекање“, „Копнеж“, „Дождот“

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*