Членка на „Пуси рајот“ побегна од Русија

Марија Аљохина, истакната членка на рускиот женски бунтовнички панк-рок бенд „Пуси рајот“, побегна од земјата и покрај тоа што била под полициски надзор, како што соопшти нејзиниот адвокат вчера.

Правникот Даниил Берман за тамошните медиуми изјави дека Аљохина повеќе не е на руска територија. Тој вели дека не знае како ја напуштила Русија бидејќи била под постојан надзор. Според непотврдени податоци, панк-бунтовничката ја напуштила зградата облечена во униформа на курирската служба. Во мигов не е познато каде таа се наоѓа.

Аљохина неколкупати беше мета на руското правосудство. Во септември ѝ беше забрането да излезе од дома ноќта кога повика на протести поради ослободувањето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

Против неа безбедносните служби и од почетокот на годинава поднесоа повеќе обвиненија.

Во 2012 година, Аљохина и другите членки на „Пуси рајот“ станаа познати по настапот во катедрала во Москва, кога три од нив беа осудени на по две години затвор за хулиганство и поттикнување верска омраза.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*